Трамп излажал за тоа колку платил за вереничкиот прстен за Меланија

By

Американскиот претседател Доналд Трамп лажел кога кажал дека добил попуст од милион долари на вереничкиот прстен кој во 2005 година го купил за сопругата Меланија.

Претседателот на британската компанија за трговија на дијаманти „Graff Diamonds“, Лоренс Граф, од кого го купил прстено, вели дека тврдењата на Трамп се лажни.

Тој во мејл навел дека му било задоволство да соработува со Трамп, но дека нема никакви олеснувања што се однесува до моментите на купувањето на десеткратниот дијамант.

Медиумите пишуваат дека сеуште во јавноста се слушаат зборовите на Трамп од пред 13 години „Само будали би рекле: Не, фала, сакам да платам милион повеќе за дијамантот“.

Трамп за десетгодишнината од бракот со Меланија и купи уште еден прстен од оваа компанија, по целосна цена.

Со тој 25 каратен прстен Меланија се фали на официјалните фотографии од Белата куќа. Наводно, тој подарок е вреден три милиони долари.

 

 

Трамп исто така изјавил дека успеал да добие добра цена и за целокупната венчавка, затоа што неговото презиме има голема тежина.

„Буквално се што можете да замислите од фотографиите, цвеќе, храна, авион, до аеродромот и дијамантите.

За секоја ставка имал петмина луѓе кои сакале тоа да го направат. Во сите случаи не сакале ништо, освен признание“, изјавил тој.

 

Ќе ви се допадне