Велигденски постер од Шпанија наиде на силни критики оти Исус е премногу „привлечен“

Нова слика на Исус Христос ги „запали“ католиците во Шпанија.

Преубаво, премногу секси, премногу кич – ова се само дел од критиките за делото на севилскиот уметник Салустиано Гарсија Круз, за ​​кое со голем ентузијазам се зборува во медиумите и на интернет, пишува oe24.at.

Исус на сликата е прикажан со фини, дури и женствени црти, долга коса која му паѓа до рамениците, без круна од трње и со само две мали рани на едната рака и во пределот на градите, а стомакот му е покриен со крпа. Нема никаков знак за страдањето на Исус Христос.

Сликата е нарачана од Генералниот совет на братствата на Семана Санта (Света недела), која во Севиља, како и во многу други шпански градови и села, се слави со поворки. Делото, кое некои дури го критикуваа како „богохулно“, се користи како постер за промовирање на Велигденските прослави во традиционалниот град во јужна Шпанија.

Уметникот ја прифати критиката мирно и со хумор. Неговиот син бил модел и сакал да го покаже воскреснатиот Исус.

Тој има јасен одговор: „Ако некој види нешто валкано во мојата слика, тогаш тоа е резултат на сопствената нечистотија што ја проектира на сликата“.

Градоначалникот на Севиља излезе во одбрана на уметникот и неговата работа. „Ми се допаѓа, смело е и многу ризично“, ја цитираше неговата изјава весникот ABC. Целата возбуда беше малку „вештачка“, изјави Хозе Луис Санз.

Scroll to Top