Најновиот тренд венчаници на светски познатиот бренд „Проновиас“ претстави и венчаница за најхрабрите невести. Венчаницата изработена од тантела, со над 200 кристали, е всушност едноделни панталони што ја следат линијата на телото. За нејзината изработка биле потрошени 244 работни часа.
Венчаницата веднаш предизвика внимание во светот. Едни ја нарекоа фантастична, други бизарна и непримерна, трети рекоа дека е навистина оригинална.Сепак, сите се сложија дека оваа венчаница нема да им прилега на сите невести.