Американскиот комичар Конан О’Брајан се послужи со самоубиството на Слободан Праљак како тема за неговото шоу.
„Поранешниот хрватски генерал, лош лик кој е осуден за воени злосторства , испи отров за време на судењето во Хаг. Тој избра да се самоубие, отколку да одлежи затворска казна. Тоа беше негов начин да се извлече од целата ситуација“, кажал водителот, а потоа неговиот камерман Тони кажал дека тоа сепак и не е толку чудно.
Според него, потребно е да се земе само мала количина отров, за да се избегнат одредени ситуации, па покажале сцени во кои наводно пие отров за да избегне работи кои не сака да ги прави.