(Видео) Бил Гејтс помина еден ден во канализација во Брисел

Коосновачот на „Мајкрософт“ и милијардер Бил Гејтс (68) го посети Музејот за канализација во Брисел и рече дека работата на отпадните води ги спречува идните пандемии.

Во краткото видео објавено на „Инстаграм“, Гејтс рече дека го посетил за да го одбележи Светскиот ден на тоалетот, објави „Брисел тајмс“.

„Што правам 10 метри под земјата во Брисел? Одам во канализација. Овде смрди“, стои на видеото што го објави милијардерот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bill Gates (@thisisbillgates)

Во видеото Гејтс носи чифт ракавици и очила, а потоа зема примерок од градската отпадна вода.

„Кон крајот на 19 век во реката Сена се слеваше канализација. Ова доведе до ужасна епидемија на колера. Денеска, во градот има мрежа од 300 километри канализациски тунели и процес на пречистување на отпадните води“, рече Гејтс.

Тој потсети дека научниците ги тестираат отпадните води на коронавирус, детска парализа и други болести.

„Оваа работа спречува идни пандемии. Благодарност до градот Брисел што ја покажа уникатната страна на овој прекрасен град“, рече Гејтс.

Текстот (Видео) Бил Гејтс помина еден ден во канализација во Брисел е превземен од МАКФАКС.

Scroll to Top