Десетици лица се повредени за време на пукотници на рап концерт во Рочестер во близина на Њујорк. Една жена настрадала, две се животно загрозени, а седумина се хоспитализирани од повредите со кои се здобиле, соопшти американската полиција.
„Посетителите на концертот на кој настапиле рапери од Мемфис, почнале да бегаат кога ги слушнале пукотници. Толпата се упатила кон излезот околу 11 часот“, рече шефот на полицијата Дејвид Смит.
„Засега немаме никаков доказ дека станува збор за пукање и дека некој е погоден од куршуми или избоден на местото на настанот“, дополни тој.
One person died and nine others were injured when a crowd surged after a GloRilla concert in Rochester, New York, according to police, who said Monday there’s no evidence gunfire preceded the stampede pic.twitter.com/xtSuGA74uq
— D. Scott @eclipsethis2003 (@eclipsethis2003) March 6, 2023
Полицијата се пробила во просторот каде се одржувал концертот и наишла на три тешко повредени жени. Една на возраст од 33 години починала во болницата, а другите две со во критчна состојба.
Повредени се уште седумина кои исто така се хоспитализирани, но се надвор од животна опасност.
🚨#BREAKING: One person killed and multiple others injured During Upstate New York Concert Stampede
⁰📌#Rochester | #NewyorkRochester Police Department says one person is dead and 8 others were injured when a panicked crowd tried to quickly exit after reports of shots fired… https://t.co/L2iJpUWdLZ pic.twitter.com/40myow3AQa
— R A W S A L E R T S (@rawsalerts) March 6, 2023
Според полицијата засега нема докази дека станува збор за пукотници од огнено оружје. Полицијата истражува уште неколку можни сценарија за кои смета дека предизвикале паника кај публиката како на пример употреба на бибер спреј или други фактори.
Градоначалникот на Рочестер, Малик Еванс го нарече смртоносниот метеж за неприфатлив и вети детална истрага. Допрва ќе се утврди дали организаторите на концертот примениле соодветни безбедносни мерки со оглед на тоа дека се работи за голема топла на народ.
Паничното туркање и метежот на концертите се случуваат низ целиот свет. Последен со смртоносни последици беше оној на раперот Тревис Скот во 2021 година, во кој загинаа десетина луѓе.
BREAKING 🇺🇲 : Massive Stampede In New York, #US
1 dead, multiple injured following stampede at GloRilla concert in Rochester, New York pic.twitter.com/XE7yYQpV1j
— Zaid Ahmd (@realzaidzayn) March 6, 2023