(Видео) Едноставни новогодишни колачи

Потребни состојки:

150 гр брашно
50 гр путер
1 јајце
50 гр шеќер
рендана кора од 1 лимон
1 кеса прашок за печиво

Начин на подготовка:

На работната маса го истурате брашното и со рацете правите мала дупка каде ги истурате путерот и јајцето. Одозгора рендате кора од еден лимон. Додека го месите тестото додавате една кесичка прашок за печиво. Тестото завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер 1 час. Расукајте го тестото и со калапи во разни форми направете мали колачиња. Печете ги 20 минути во загреана рерна на 180 степени. Откако ќе се испечат може да почнете со декорирање.

Потребни состојки за декорација:

1 белка од јајце
кафена лажичка сок од лимон
125 гр шеќер во прав
прехранбена боја

Инструкции:

Во сад за матење ставете една белка од јајце и додадете сок од лимон. Мешајте со миксер и постепено додавајте го шеќерот во прав. Смесата поделете ја еднакво во три различни садови. Во секој од нив додадете различна прехранбена боја. Почнете да ги декорирате колачињата. Сместата можете да ја ставите во специјални шприцови, но можете и да ја ставите во најобична кеса за замрзнување и многу малку да го исечете врвот од кесата. Секако можете да си помагате и со чепкалка за заби за еднакво да ја распоредите бојата.

Scroll to Top