(ВИДЕО) Евровизискиот победник Салвадор Собрал се повлекува од музиката

Салвадор Собрал ќе се повлече од музиката за да се посвети на себе и на своето здравје. Неговата здравствена состојба не е никаква тајна, дури и на Евровизија во Киев сестра му Луиза Собрал беше таа што одеше на пробите и одржуваше контакт со новинарите.

Па, кога лекарите му наредија да мирува, тој откажа три концерти во родната Португалија и неколку месеци нема да настапува никаде.

Оваа вест им ја соопшти на обожавателите преку видео пеејќи ја песната „Здраво, ќе се видиме набргу“, каде што објаснува дека ќе направи долга пауза, а видеото го завршува со хитот на „Битлси“ – „Здраво, збогум“.

Scroll to Top