Во катедралата Нотр Дам во Париз вечерва изби пожар, соопштија од париската противпожарна служба. Агенцијата „Ројтерс“, повикувајќи се на изјави од сведоци, пренесува дека густ дим се гледа на врвот од катедралата и дека огнот зафатил две ѕвона. Пожарот избил на таванот од катедралата.
Противпожарните служби и останатите итни служби веднаш излегле на терен и засега нема податоци за причините на овој инцидент, ниту дали има повредни во незгодата.
Првата дојава за огнот, кој наводно избил во една од кулите, стигнала во 17:50 часот, а веднаш потоа била извршена евакуација од страна на службите.
Notre Dame is burning #paris #notredame pic.twitter.com/5XanweT5Xh
— Mel (@mncasasnovas) April 15, 2019
#notredame pic.twitter.com/FgU3uAr3PJ
— cristina casacuberta (@ccasacub) April 15, 2019