(Видео) Холивудскиот Супермен пронајден мртов во контејнер

Американскиот глумец Кристофер Денис е пронајден мртов во контејнер во Сан Фернандо, место во близина на Лос Анџелес, пишува американскиот магазин TMZ.  Кристофер повеќе од дваесет години работел како уличен забавувач. Тој бил познат по тоа што две децении на Холивудската патека на славните го играл суперхеројот Супермен. Многумина го сметале за легенда во Холивуд и еден од заштитните знаци на познатата патека.

За него бил направен и документарен филм и тој бил еден од главните соговорници во филмот „Исповеди на суперхероите“ од 2007 година.  Престанал со работа откако бил нападнат и ограбен. Се здобил со тешки повреди и не бил во состојба да игра на улица.

Тој бил чест гостин во популарното шоу на Џими Кимел и целосно одговарал на првиот Супермен (1978), актерот Кристофер Рив, кој го играше славниот херој – во висината, фигурата и темната коса.

„Крис беше симпатичен човек кој многу пати се појавуваше во нашето шоу и беше обожаван од сите. Ќе ни недостасува“, прочита Џими Кимел во своето шоу.

 Американските медиуми пишуваат дека во изминатите неколку години останал без дом и дека живеел на улица, а неодамна бил пронајден мртов во контејнер за собирање облека за бездомници.

Scroll to Top