(Видео) Кејт Аптон заврши во океанот за време на снимањето

Еден од најпознатите светски модели, Кејт Аптон, додека снимала нов едиторијал за магазинот Sports Illustrated на Аруба, непланирано завршила во океанот кога ја поклопил огромен бран.

Кејт уредно се подготвила за снимањето и додека стоела на карпата, чекала да ја фотографираат во топлес-издание. Таа не го забележала бранот што ѝ се приближувал. Секунда подоцна паднала од карпата, а екипата веднаш се впуштила во помош.

Малку подоцна Кејт објаснила дека нејзиниот фустан бил многу тежок и дека тој ја повлекол во водата.

Гледајте:

Scroll to Top