(Видео) Крис Браун на концерт ѝ го зеде телефонот на девојка и го фрли во публиката

Крис Браун покани девојка од публиката да му се придружи на сцената за време на концерт, но наместо да ужива во моментот, таа набрзо го извади мобилниот телефон за да го овековечи моментот. Пејачот првиот пат понежно и го зеде мобилниот и го стави настрана, но кога тој почна да танцува околу неа, на прилично сензуален начин, таа повторно го зеде телефонот за да продолжи да снима.

Пејчот изнервирано го зеде мобилниот телефон и потоа го фрли во публиката пред да се изгаснат светлата на сцената.

Девојката успеала да го пронајде телефонот, иако не се знае во каква состојба. Видеото стана популарно на социјалните мрежи, па дел од корисниците  застанаа во одбрана на пејачот, а други тврдеа дека ова е само уште еден негов контроверзен испад.

„Слушајте, потполно се согласувам дека понекогаш сите треба да ги спуштиме телефоните и да уживаме во моментот, но тоа не е одлука на Крис Браун или на некој друг“, напиша едно лице.

“Можам да видам зошто Крис Браун го фрли телефонот. Тој беше на сцената даваше се од себе, а таа правеше селфи. Непочитување”, гласи друг коментар.

@jesjaaade 😂😂 I don’t blame him! #chrisbrown #chrisbrownthrowsphone #undertheinfluencetour #undertheinfluencetour2023 #fyp #foryou ♬ Call Me Every Day – Chris Brown

Scroll to Top