Викендов, во Лас Вегас ќе се одржи борбата за титулата во УФЦ 290 меѓу македонскиот борач Александар Волкановски и Хаир Родригез од Мексико. Александар ќе проба да го одбрани појасот, а поддршка од трибините ќе има од холивудскиот глумец Мел Гибсон.
„Добро е да се види како мојот сонародник од Австралија, Александар напредува. Многу го ценам и одличен е во сите аспекти на УФЦ“, рече Мел Гибсон.
Александар рече дека го цени тоа што глумецот се сеќава на него и му е мило што ќе дојде да го бодри на мечот. За потсетување, Александар, во боречкиот свет е познат по прекарот Александар Велики. Роден е во Австралија, но има корени од Македонија.