(Видео) Новинар ја праша Џеј Ло дали се разведува од Афлек, многумина ја фалат реакцијата на нејзиниот колега

Актерката и продуцентка Џенифер Лопез беше во Мексико Сити за да го промовира својот нов филм на „Нетфликс атлас“. Новинар реши пред сите да ја праша за бракот со Бен Афлек.

„Дали твојот развод со Бен Афлек е реален? Тие шпекулации?“, ја праша новинар, а Џеј Ло се насмеа.

„Која е вистината? Која е вистината за ситуацијата за мексиканските медиуми?“

Веднаш интервенира Симу Лиу, колега на Џенифер од новиот филм. „Во ред, нема да го направиме тоа. Ви благодариме момци, навистина го цениме тоа. Ви благодариме“, рече тој обидувајќи се да го игнорира личното прашање упатено до Џеј Ло и да продолжи на нова тема.

Лопез потоа се наведна кон новинарот и рече: „Ти знаеш подобро од тоа“. Потоа Лиу се надоврза и му рече на новинарот: „Ајде не доаѓај со таква енергија, те молам“.

Scroll to Top