(Видео) Руски тенисер предизвика реакции со пораката на Австралија опен

Рускиот тенисер Карен Хачанов (26) предизвика реакции на „Австралија Опен“ по победата над 22 годишниот Американец Себастиан Корд. По пласманот во полуфинале напиша порака на една од камерите со поддршка за луѓето од Нагорно Карабах, регион околу кој со години спорат Азербејџан и Ерменија.

„Држи се Нагорно Карабах, продолжете да верувате до крај“, напиша Хачанов, кој објасни зошто го направил тоа. „Имам ерменски корени и не сакам да зборувам повеќе за тоа. Само сакав да испратам порака до мојот народ“. рече Хачанов.

И на овој турнир настапи без државните обележја, затоа што руското знаме е забрането од почетокот на војната во Украина.

За потсетување, Русинот го победи Американецот Себастиан Корд кој мораше да го предаде мечот поради болките во зглобот. Корд не издржа докрај откако двапати претходно бараше лекарска помош.

Хачанов во полуфиналето ќе игра против победникот од двобојот меѓу Гркот Стефанос Циципас и Јиржиј Лехечке од Чешка.

Scroll to Top