(Видео) Се снима второ продолжение на филмот „Гладијатор“ со Пол Мескал во главната улога

Се снима второ продолжение на филмот „Глатијатор“ кој треба да излезе на 17 -ти ноември 2024 година, а главаната улога ја има Пол Мескал, чиј кастинг се уште не е официјално потврден. Овој 27-годишен Ирец е познат по улогите во „Нормал пипл“ и „Афтерсан“.

Режисерот Ридли Скот уште во 2018 година изјави дека ќе има продолжение, а минатата година потврди дека сценариото е готово, велејќи дека имало многу компоненти од првиот дел, на кои може да се потпре, продолжи и прошири приказната.

Оригиналниот „Гладијатор“ го воодушеви целиот свет со неговото објавување во 2000 година. На Оскарите во 2001 година освои дури 5 награди и остана запаметен како еден од најдобрите филмови досега.

Се уште ништо не се открива за приказната во продолжението, како и за остатокот од екипата која ќе се најде во второт продолжение.

 

Scroll to Top