(Видео) Сцена на Канскиот фестивал за која сите зборуваат

Американската пејачка и актерка Кели Роланд дефинитивно знае како да ги привлече погледите кон себе.

На црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал се скарала со член на обезбедувањето. Кели им позираше на фотографите, а потоа почна да се качува по скалите во придружба на обезбедувањето.

Застануваше да мавта и да позира, но во еден момент дојде до жестока расправија со обезбедувањето.

На социјалните мрежи се проширија снимки од инцидентот, а фановите на пејачката шпекулираат дека обезбедувањето згазнало на фустанот, поради што Кели полудела. Што точно се случило на црвениот тепих се уште не е познато.

Scroll to Top