(Видео) Танцувајќи како Џон Траволта, украински војник покажа дека не им се плаши на Путин и на Русите

На интернет се рашири видео од еден украински војник кој вели дека не им се плаши на Русите. За да покаже дека не му се плаши ниту на Путин, тој почна да игра на военото поле.

Тој почна да скока и да ги мрда колковите, да ги дига рацете во воздух и да изведува некакви диско потези на снегот. За целото тоа време ја држеше пушката во раце која наликува на калашников.

Војникот кој од глава до пети беше облечен во камуфлажна униформа почна да игра како Џон Траволта во „Треска на саботната вечер“. Некои од фановите му напишаа дека неговиот танц многу потсетувал на големиот хит на Витни Хјустон „Кралица на ноќта“.

Засега не се знае каде војникот бил нимен, но на снегот можат да се видат траги од возила и од дел од военото засолниште.

Scroll to Top