Младиот пејач Тони Андреев ја препеја песната „Моја малена“ од Саша Ковачевиќ. „Имав можност да ги слушнам новите песни уште додека беа во демо-верзија и можам да кажам дека од сите најмногу ми се допадна ‘Моја малена’. Ја слушам по 100 пати во денот, па затоа и на неа снимив кавер-верзија. Цело слободно време го користам за да работам на нови проекти и драго ми е што мојата публика знае тоа да го цени“, ни кажа Андреев.
Спотот го сними Алек Тасевски, а во видеото, покрај Тони Андреев, се појавува и гитаристот Тошо Јуца.