Жени што ќе го сменат светот според магазинот „Тајмс“

By

Магазинот „Тајмс“ објави листа со имиња од 46 жени за кои смета дека ќе ги сменат современите светски текови. Листата ги вклучува Хилари Клинтон, Опра Винфри, Серена Вилијамс и Селена Гомез.

dobivaj vesti na viber

Списанието направи интервјуа со сите овие жени, а тие во интервјуата раскажуваат за настаните што ги дефинирале и ги изградиле како личности.

Меѓу жените избрани од „Тајмс“ е и поранешната прва дама Хилари Клинтон, кандидатката за прва жена претседател на САД. Таа се води од мотото „Вредеше да се бориш“.

Опра Винфри истакна дека сите одлуки во врска со работата и приватниот живот ги носи врз основа на своите совест, чувства и убедувања. Нејзина мисла водилка е: „Не е важно каде се наоѓате во животот, не сте сами“. Таа животот го посвети на борбата за рамноправност на жените и да им помогне на лицата со посебни потреби.

На листата се најде и 25-годишната пејачка Селена Гомез, која е прва личност со 100 милиони следбеници на „Инстаграм“. Таа вели дека денес е жена каква што е благодарение на својата мајка. Нејзино мото е: „Да си ранлив, значи да бидеш силен“.

Според магазинот „Тајмс“, листа со 46 жени што го менуваат светот е следнава: Медлин Олбрајт, Мери Бара, Патрисија Бат, Елизабет Блекбурн, Урсула Барнс, Кендис Кејн, Хилари Клинтон, Ајлин Колинс, Келијан Конвеј, Мо’не Дејвс, Елен Деџенерис, Габи Даглас, Рита Дав, Ен Данвуди, Ава Дувернеј, Силвија Ерл, Арета Френклин, Мелинда Гејтс, Ники Халеј, Карла Хајден, Мази Хироно, Мае Џејмисон, Маја Лин, Лорета Линч, Рејчел Медоу, Рита Морено, Џенифер Јух Нелсон, Илхан Омар, Даница Патрик, Ненси Пелоси, Мишел Фан, Иса Рае, Лори Робинсон, Шерил Сендберг, Кетрин Џефертс Шор, Синди Шерман, Кетрин Смит, Кетрин Саливен, Шонда Рајмс, Барбара Волтерс, Алис Вотерс, Геиша Вилијамс, Серена Вилијамс, Опра Винфри, Селена Гомез и Џенет Јелен.

Ќе ви се допадне