Француската фудбалска легенда Зинедин Зидан го одбил англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед да биде нов тренер на клубот откако Норвежанецот Оле Гунар Солскјер доби отказ, објави „Би-би-си“.
Поранешниот тренер на Реал Мадрид, кој во два мандати донесе две шампионски титули во Ла Лига и три европски круни во низа за кралевите, важеше за прв фаворит за нов тренер на „црвените ѓаволи“. Англиски медиуми објавија дека е заинтересиран за работа на „Олд Трафорд“, но наводно неговата сопруга Вероника не му дава да дојде во Манчестер зашто не ѝ се допаѓа животот во Англија.
Според една од најпознатите британски ТВ-куќи, Зидан го одбил Јунајтед од една причина, чека повозбудлива работа, а има две желби – или клупата во ПСЖ или селекторската фотелја кај француската репрезентација, објави британскиот сервис.
Зиан во моментов е без работа.