Димитар Атанасовски: Два пати бев со Сара кога се пораѓаше, тоа што помина никогаш не би можел да го издржам

By

Димитар Атанасовски повеќе од петнаесет години е дел од јавната сцена. Публиката го запозна како водител на емисијата „Тротоар“, работи во Сити радио и скоро и да нема фестивал и манифестација во Македонија на која не бил водител. Пет години е во брак е со пејачката и харфистка Сара Мејс, со која има две деца.

dobivaj vesti na viber

Димитар е еден од ретките мажи кои два пати присуствувал на раѓањето на децата. Иако денес му е забавно да зборува за денот кога се роди синот, призна дека кренал паника кога на Сара ѝ пукнал водењакот среде детски роденден.

„Сара само смени боја, а јас почнав да паничам. Тргнавме накај болница, мислев тоа е тоа, детето ќе се роди во кола. Сара ме смируваше дека има време и дека не оди сè така брзо. Па ја оставив неа во болница, ја однесов Илина дома, го прошетав и кучето и стигнав на време да влезам во породилната сала. Додека гледав сфатив дека тоа што го поминува жената кога се пораѓа, јас никогаш не би можел да го направам“, искрен е Димитар.

Четири месеци откако Сара се породи, двајцата заедно направија фотосесија за познат бренд на долна облека. „Не мислев дека некој освен жена ми би сакал да ме слика по боксерки. Ова беше многу интересно искуство, особено за Сара, која брзо се враќа во форма по породувањето. Спремаме и нова фотосесија за празниците која ќе биде уште посмела, а јас имам нов режим на вежбање за да бидам во форма пред сликањето“, вели тој за „Репортер“.

Љубовта со Сара почна пред десет години кога се натпреваруваа во шоуто ‘Танц со ѕвездите’, иако на почетокот ја криеја врската. За ќерката Илина вели дека е дете на танцот, но ни призна и дека скоро никогаш не игра дома, оти Сара му се смее.

Муабетот со Димитар нема крај. Ни раскажа како ослабел 25 кила, за времето кога играше фудбал во „Македонија Ѓорче Петров“, за екстремните спортови и несреќите на бордање кога ја повредил кичмата. Но и за караниците дома со Сара, зошто таа и денес вели дека Димитар е крив што не е светски позната харфистка, за љубовта кон радиото и за неговата маркетинг агенција „Идеја лаб“, гледајте го видеото.

Андријана Јовановска

 

Ќе ви се допадне