„Не знаев дека со Игор ќе бидеме пар“, искрено со Васил Зафирчев

„Како првенец на генерација во средното училиште во Велес, моите родители очекуваа дека ќе запишам било кој друг факултет, а не глума. Мене тогаш ме влечеа астрономијата и астрофизиката, но се одлучив за театарот. Родителите ме поддржаа во изборот, иако можеби длабоко во себе не се согласуваа. Сега, доаѓаат на секоја моја претстава, а татко ми ги гледа дури и претставите во кои не глумам“ – вака некако актерот Васил Зафирчев ја почна неговата приказна за театарот и љубовта кон глумата.

Во кариерата, која трае скоро 25 години, одиграл преку 90 улоги, но ликот на харизматичниот готвач Марио во пансионот „Преспав“ го направи еден од омилените и на возрасните и децата. Васил вели дека едвај чека да почнат да ги прикажуваат сериите и да види што снимиле, ама и дека очекува и петта, но и уште многу други сезони.

Од една страна уметноста, од друга страна приватниот живот, особено оној со поп-дивата Калиопи, со која беше во брак, па се разведе. И денес е свесен дека луѓето коментараат за нив сешто.

За разликата во години и бракот со Калиопи, за балетот кој му е прва љубов, како е да се глуми љубовна двојка со Игор Стојчевски (Тони од „Преспав“), но и за рушењето табуа на телевизија, детството и односот со родителите, кои се предизвиците да се работи во малиот театар „Џинот“ во Велес наместо да се пресели во Скопје, гледајте го видеото.

Андријана Јовановска 

Scroll to Top