Руските опозиционер Алексеј Навални ги обвини затворските чувари дека го лишиле од сон, пренесуваат светските медиуми. Навални им се жалел на руските безбедносни служби, е објавено денес на неговата интернет-страница.
„Чуварите ме лишуваат од сон, тоа е фактички прибегување кон тортура“, напишал тој и додал дека чуварите го буделе во текот на ноќта осум пати.
Во другото официјално барање, упатено до затворската администрација и генералното обвинителство, Навални, кој минатиот август претрпе обид за труење со нервен агенс, бара лекување, а неговите приврзаници тврдат дека здравствената состојба му се влошува.
Неговата адвокатка Олга Михајлова изјавила во четвртокот дека Навални имал силни болки во грбот и десната нога и додала дека се плаши за неговиот живот и за здравјето на нејзиниот клиент.
Михалова изјавила дека Навални засега примал само антифламаторни лекови и добил некои масти. Таа додала дека залудно четири недели се обидувала на својот клиент да му донесе нормални лекови и да го прегледа лекар што не е ангажиран од затворот.
Навални се наоѓа во казнената колонија во Покров, 100-ина километри источно од Москва, каде што издржува затворска казна од 2,5 години.