Бункерот што треба да нè спаси од апокалипса се соочува со проблеми

„Трезорот на судниот ден“, како што го нарекуваат бункерот што е модерна Ноева арка, е изграден на островот Спицберген во архипелагот Свалбард во Северниот Леден Океан за да ги издржи најекстремните услови.

Сепак, тој се соочува со вистински проблеми.

Временските услови од крајот на 2016 година покажале дека објектот не е доволно обезбеден.

Трезорот е изграден како помош за човештвото, во случај на климатски или нуклеарни катастрофи, односно уништување на животната средина.

Бункерот, во кој се чуваат семињата од целиот свет, се соочува со првите потешкотии, па норвешката влада ќе вложи уште 10 милиони долари за негово подобрување.

Парите се наменети за трошоци за изградба на нов бетонски тунел, како и помошни згради кои преку тунелот ќе бидат снабдувани со електрична енергија во случај на прекин на струјата. Тунелот ќе содржи и помошни единици за разладување и електрична опрема што  емитува топлина.

Архипелогот Свалбард е одбран поради својата оддалеченост од остатокот на светот, како и фактот дека на ова место нема земјотреси и активни вулкани, па се смета за безбеден. Перформансот исто така придонесува за длабоко замрзнување, а со самото тоа и до зачувување на семињата.

Сепак, неочекуваното затоплување кон крајот на 2016 година довело до тоа во бункерот да влезе вода во делот кај влезот на трезорот. И покрај тоа што семето не било директно загрозено, владата на Норвешка одлучила да ги подобри условите.

Еден од најголемите предизвици со кои земјоделството во моментов се соочува е растот на популацијата, гладот и сè поголемиот климатски притисок.

„Тоа значи дека е потребно светот да почне да произведува голема количина храна што е нутритивно богата, и тоа на мала површина на земјиште, со малку вода, помалку пестициди и малку ѓубре, за  планетата да може да го издржи производството“, вели извршниот директор на меѓународната непрофитна организација „Кроп траст“, Мари Хаг.

„Кога дојдов овде за првпат во 1985 година секогаш имаше лед. Сега никаде не можете да видите целосен леден покривач“, додава таа.

Научниците предупредуваат дека Северниот Леден Океан би можел да остане без лед значително порано отколку што сметаме. Според моменталните предвидувања, тоа ќе се случи во периодот меѓу 2040 година и 2050 година.

Scroll to Top