Директорите на Си-ен-ен биле тајно снимани, „Веритас“ ја откри пропагандата која ја прави најголемата телевизиска куќа

Основачот на проектот „Веритас“, Џејмс Окиф, објави снимки од челниците на Си-ен-ен на кои може да се слушне начинот на кои тие ги произведуваат вестите и ја информираат јавноста.

Окиф вели дека луѓето во Си-ен-ен не сакаат да бидат непристрасни кога станува збор за јавното информирање. Во снимките кои ги објавил Окиф се слуша разгворот меѓу шефот на Си-ен-ен, Џеф Закер, и советникот на медиумската мрежа Дејвид Виџиланти.

Од Си-ен-ен, по ваквите објавени снимки, почнаа со покренување на постапка против „Веритас“, наведувајќи дека можеби станува збор за тешко кривично дело.

Во рамки на проектот „Веритас“, објавени се нови снимки кои наводно ја разоткриваат политичката пристрасност на претседателот Закер и другите челници на Си-ен-ен, насочени против оние кои се противат на нивните политички ставови.

На мета на Си-ен-ен особено се најдоа американскиот претседател Доналд Трамп, водителот на „Фоксњуз“, Такер Карлсон, па дури и републиканскиот сенатор Линдзи Грахам, забележал и основачот и извршниот директор на „Веритас“, Окиф

„Ова е уште една истрага за Си-ен-ен, која проектот „Веритас“ ја спроведе, во која може да се види како телевизиската куќа уште еднаш ја демонстрираше својата партиска политичка агенда и во целосно отсуство на новинарската етика“, покажале најновите податоци добиени во истражувањето на повиците од оваа медиумска мрежа, кои со месеци се евидентирале.

Окиф изјавил дека челниците на Си-ен-ен буквално заговарале, кога станувало збор за дневните вести.

„Изјавите на највисоките раководители на Си-ен-ен докажуваат дека едноставно не ги интересира непристрасноста во известувањето“, навел Окиф.

Главниот советник на Си-ен-ен, кој е идентификуван од снимката, наводно рекол дека Такер Карлсон е расист и дека „Фоксњуз“ му дал зелено светло за промоција на идеите за супериорност на белата раса.

„Веритас“ ја цитира и личноста која е идентификувана како шеф на Си-ен-ен, Џеф Зукер, како зборува за актуелниот претседател Доналд Трамп.

„Тој е претседател кој знае дека губи, кој знае дека е во неволја, дека е болен, можеби и сето ова е последица на стероиди. Не знам. Но, се однесува очајно и е нестабилен. Ние тоа треба да го нормализираме.

Тоа го поттикнало Окиф остро да ги критикува Си-ен-ен, како што наведува за нивното нечуено и непрофесионално однесување и покрај фактот дека себеси се нарекува медиум на кој најмногу му се верува.

За сето ова е поведена и расправа на социјалните мрежи. Еден корисник напишал дека му се допаѓа начинот на кој „Веритас“ го разобличил Си-ен-ен како пропагандна мрежа, која навива за Џо Бајден и Демократската партија

„Сите тоа го знаевме, но добро е да се слушне во јавноста“, напишал тој.

Се појавија и тврдења дека сите можни сомненија во објавените снимки, исчезнале оној момент кога Си-ен-ен, индиректно ја потврдил нивната валидност, „заканувајќи се“ на конзервативен новинарски потфат.

Ова не е првпат проектот „Веритас“ да ја открие наводната пристрасност на Си-ен-ен, во интерните уреднички разговори и преговори.

Минатата година, по објавувањето на тајно снимените снимки од челниците на Си-ен-ен, во кои расправаат за фокусирањето на антитрамповското известување, изборниот штаб на Доналд Трамп ѝ се закани на телевизијата со тужба.

И самиот американски претседател предлагаше дека Си-ен-ен треба да биде процесуиран поради дезинформациите кои ги шири и пласира во јавноста.

Scroll to Top