Основачот на проектот „Веритас“, Џејмс Окиф, објави снимки од челниците на Си-ен-ен на кои може да се слушне начинот на кои тие ги произведуваат вестите и ја информираат јавноста.
Окиф вели дека луѓето во Си-ен-ен не сакаат да бидат непристрасни кога станува збор за јавното информирање. Во снимките кои ги објавил Окиф се слуша разгворот меѓу шефот на Си-ен-ен, Џеф Закер, и советникот на медиумската мрежа Дејвид Виџиланти.
Од Си-ен-ен, по ваквите објавени снимки, почнаа со покренување на постапка против „Веритас“, наведувајќи дека можеби станува збор за тешко кривично дело.
Suppression Media! https://t.co/zYlVKeb7oK
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) December 2, 2020
Во рамки на проектот „Веритас“, објавени се нови снимки кои наводно ја разоткриваат политичката пристрасност на претседателот Закер и другите челници на Си-ен-ен, насочени против оние кои се противат на нивните политички ставови.
На мета на Си-ен-ен особено се најдоа американскиот претседател Доналд Трамп, водителот на „Фоксњуз“, Такер Карлсон, па дури и републиканскиот сенатор Линдзи Грахам, забележал и основачот и извршниот директор на „Веритас“, Окиф
„Ова е уште една истрага за Си-ен-ен, која проектот „Веритас“ ја спроведе, во која може да се види како телевизиската куќа уште еднаш ја демонстрираше својата партиска политичка агенда и во целосно отсуство на новинарската етика“, покажале најновите податоци добиени во истражувањето на повиците од оваа медиумска мрежа, кои со месеци се евидентирале.
Окиф изјавил дека челниците на Си-ен-ен буквално заговарале, кога станувало збор за дневните вести.
„Изјавите на највисоките раководители на Си-ен-ен докажуваат дека едноставно не ги интересира непристрасноста во известувањето“, навел Окиф.
Главниот советник на Си-ен-ен, кој е идентификуван од снимката, наводно рекол дека Такер Карлсон е расист и дека „Фоксњуз“ му дал зелено светло за промоција на идеите за супериорност на белата раса.
Suppression Media! https://t.co/zYlVKeb7oK
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) December 2, 2020
„Веритас“ ја цитира и личноста која е идентификувана како шеф на Си-ен-ен, Џеф Зукер, како зборува за актуелниот претседател Доналд Трамп.
„Тој е претседател кој знае дека губи, кој знае дека е во неволја, дека е болен, можеби и сето ова е последица на стероиди. Не знам. Но, се однесува очајно и е нестабилен. Ние тоа треба да го нормализираме.
Тоа го поттикнало Окиф остро да ги критикува Си-ен-ен, како што наведува за нивното нечуено и непрофесионално однесување и покрај фактот дека себеси се нарекува медиум на кој најмногу му се верува.
За сето ова е поведена и расправа на социјалните мрежи. Еден корисник напишал дека му се допаѓа начинот на кој „Веритас“ го разобличил Си-ен-ен како пропагандна мрежа, која навива за Џо Бајден и Демократската партија
„Сите тоа го знаевме, но добро е да се слушне во јавноста“, напишал тој.
Се појавија и тврдења дека сите можни сомненија во објавените снимки, исчезнале оној момент кога Си-ен-ен, индиректно ја потврдил нивната валидност, „заканувајќи се“ на конзервативен новинарски потфат.
Ова не е првпат проектот „Веритас“ да ја открие наводната пристрасност на Си-ен-ен, во интерните уреднички разговори и преговори.
Минатата година, по објавувањето на тајно снимените снимки од челниците на Си-ен-ен, во кои расправаат за фокусирањето на антитрамповското известување, изборниот штаб на Доналд Трамп ѝ се закани на телевизијата со тужба.
И самиот американски претседател предлагаше дека Си-ен-ен треба да биде процесуиран поради дезинформациите кои ги шири и пласира во јавноста.