„Дрско е да се верува дека на ниедно место во цел универзум не постои друг облик на живот“, вели поранешниот директор на ЦИА

Поранешниот директор на ЦИА, Џон Бренан, неодамна ги објасни деклафицираните видеоснимки со НЛО од Пентагон и изјави дека кон нив треба да се пристапи со отворен ум.

„Ги видов снимките што ги направија морнаричките пилоти и морам да ви кажам дека се прилично зачудувачки“, изјавил Бренан во неодамнешното интервју, кое го дал на Универзитетот „Џорџ Масон“.

Меѓу снимките, имало и такви со таканаречен тик-так објект, кој пилотите во 2004 година го снимиле со камера како изведува вратоломија и меневри што им пркосат на законите на физиката. Видеото го снимиле на 100 километри од брегот на Тихиот Океан.

Бренан бил внимателен во изборот на зборови и не сакал ниту да потврди ниту да негира дека постојат вонземјани, пренесува „Курир.рс“ повикувајќи се на „Раша тудеј“.

„Обидете се да соберете колку е можно повеќе податоци во поглед на визуелните слики. Мораме да пристапиме отворно, но со собирање колку е можно повеќе податоци и да бидат вклучени поголем број експерти“, изјавил Бренан.

На инсистирање да каже дали постојат вонземјани и дали тие ја посетиле Земјата, Бренан одоговорил дека е дрско и арогантно да се верува оти на ниедно место во целиот универзум не постои друг облик на живот.

Сепак, Бренан се дообјаснил дека тоа можеби и не одовара на идејата што ние нужно ја сметаме за живот.

Тој говорел и за натприродни сили сугерирајќи дека на снимките можеби се гледа некаков феномен кој е резултат на нешто што ние не можеме да го разбереме и што би можело да вклучува некој вид активност, која претставува поинаков облик на живот.

Тој својот став го карактиризирал како агностички, но одбил да шпекулира за вонземјани.

Тој се приклучил во редовите на сè поголемиот број високи официјални претставнци од целиот свет кои изразиле посебна радозналост во врска со „Досиејата Икс“, што Пентагон во последните години ги имал декласифицирано.

„Сојузната влада сите овие години ги прикриваше доказите за постоење какво било НЛО“, изјавил поранешниот лидер на мнозинството во Сенатот, Хери Рејд, во неодамнешниот документарен филм.

Поранешниот шеф на вселенската единица на израелското Министерство за одбрана, Хаим Ешед, крена голема прашина овој месец кога откри дека луѓето стапиле во контакт со галактичка федерација на вонземјани, со која човекот имал потпишано договор за изведување експерименти тука на Земјата, пренесе „НБЦ њуз“.

Тој исто така тврдел дека на Марс постоела подземна американска база со човечки екипаж, но одбил да даде каков било доказ и додал дека американскиот претседател Доналд Трамп бил на чекор да ја открие интергалактичката тајна пред оваа федерација да го спречи да предизвика масовна хистерија на глобално ниво.

 

 

 

Scroll to Top