Експертите тврдат дека малезискиот авион не слетал принудно во океанот

Еден од водечките експерти за воздухопловство Кристин Негрони, ги оспори тврдењата дека пилотот на исчезнатиот малезиски авион МH370 намерно се обидел да го спушти леталото во Индискиот океан.

Наместо тоа Кристин Негрони, како што наведува, тврдела дека пронајдените делови можат да помогнат да се реши мистеријата околу авионот на Малезија ерлајнс.

Таа изјавила дека деловите од крилата кои го контролираат слетувањето, биле вовлечени кога авионот се срушил во морето во март 2014 година. Тоа би значело дека авионот бил надвор од контрола пред падот, вели таа.

 

Негрони тврди дека клучните докази се добиени од гледањето на фотографиите на крилото на Боинг 777 оспорувајќи го тврдењето дека пилотот намерно се обидел да го слета авионот во Индискиот океан.

Лери Венс, поранешен истражител во одборот за безбедност на сообраќај од Канада, изјавил за австралиската програма дека знае со сигурност што се случило со авионот.

„Мислам дека широката јавност може да се утеши со фактот дека постои растечки консензус за последните моменти од авионот“, изјавил тој.

Панел експертите веруваат дека човекот во кокпилотот Закари Ахмад Пах е одговорен за падот. Сите се согласиле дека пилотот сакал да се убие и пилотирал со авионот до најодалеченото место за да исчезне.

Но, Негрони изјавила дека ваквите тврдења се апсурдни, известува британски „Сан“.

Таа се повикува на извештајот од октомври 2017 година, од страна на Австралиското биро за безбедност на сообраќај, кој тврди: „Утврдено е од остатоците на авионот, дека леталото не било во положба за слетување. Анализата покажала дека флапсовите најаверојатно биле во повлечена позиција, во време кога се одвоиле од авионот, па со тоа сценариото за контролиран пад е невозможен.

Приватната потрага за исчезнатиот лет на MH370, кој исчезнал пред повеќе од четири години, завршила оваа недела.

Новиот министер за сообраќај на Малезија, изјавил дека потрагата за летот на MH370 Малезија Ерлајнс е завршена и дека повеќе нема да има нови истраги.

Компанијата Оушн Инфинити од Хјустон го барала авионот кој исчезнал за време на летот Куала Лумпур до Пекинг на 8 март 2014 година, со 239 лица, во една од најголемите светски мистерии во воздухопловството.

 

 

Scroll to Top