(Фото) Иран го обвини Израел за атентатот врз водечкиот нуклеарниот научник

Властите во Иран го обвинија Израел за убиството на нивниот водечки нуклеарен научник Мохсен Фахризадех. Иран најави дека жестоко ќе се одмазди за ваквиот акт.

Врз Фахризадех вчера беше направен атентат, Тој починал во болница откако неговото возило беше нападнато во близина на Техеран. Иран ваквата акција ја опиша како терористички чин.

„Имаме сериозни назнаки дека Израел има улога во нападот“, изјави министерот за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф.

Западните земји, водени од инфомациите кои ги добивале од нивните разузнавачки служби, сметаат дека Фахризадех стоел зад прикриената иранска програма за развој на нуклеарно оружје.

Фахризадех, кој бил професор по физика, наводно го водел проектот „Амад“, со кој Иран во 1989 година почнал истражувања со крајна цел да содаде атомска бомба. Оваа програма беше затворена во 2003 година, но наводно била возобновена во 2018.

(Видео) Убиен шефот на Иранската нуклеарна програма

Scroll to Top