Изгледаше како баба со ќебе, експерт за говорот на телото го анализира Путин

Говорот на рускиот претседател Владимир Путин за време на прославата на Денот на победата во Москва, не откри многу за плановите на Русија во врска со војната во Украина. Но, експертите кои го следеа забележаа одредени работи кај него.

Корисниците на „Твитер“ објавија дека нозете му беа покриени со ќебе, но експертката за говор на тело Џуди Џејмс рече дека тоа може да биде и кабаница. Таа за „Скај њуз“ рече дека тој се однесувал како старица додека седел со покриени нозе со ќебе.

Џуди објасни дека Путин се покажал во јавноста онака како што навистина сакал да се покажа

„Изгледа како слаб лидер на кого му е потребно топло ќебе преку колената, а не одговара на неговиот алфа профил. Сака да се покаже во јавноста како силен човек“, рече Џејмс за „Скај њуз“. Таа забележа и дека неговата лева страна на лицето му била отечена и не бил стабилен.

„Изгледа како да не може да ја контролира едната страна на лицето. Исто така може да се види дека не може ни да ја контролира левата рака и дека не може да замавне со неа додека ја држи десната. Тоа е она што Путин го прави со години. Се сеќавам дека пред 4 години го прашаа дали доживеал мозочен удар. Неговите изрази на лицето за време на говорот покажуваат дека е гневен, особено кога говори за тоа што Западот ѝ го направи на Русија“, рече Џуди , и дополни дека алфа мажите би можеле да бидат најопасни кога покажуваат слабост.

Иако пред да излезе на сцената изгледаше слабо и болно, Путин се промени на сцената за време на неговиот говор, тврди Џуди.

„Кога првпат излезе на сцената, изгледаше како по малку несигурен човек со наведната глава. Кога го подигна погледот, очите му беа насочени во камерата и тоа е нешто што ме вознемири. Кога алфа мажот се чувствува опкружено покажува слабост, а тоа често може да биде лош знак. Тогаш би можел да биде најопасен“, вели Џуди.

Таа за „Скај њуз“ рече дека Путин за време на неговиот говор покажал многу знаци на гнев и дека неговото тело тоа јасно го покажувало.

 

 

Scroll to Top