Лидерот на Северна Кореја Ким Јонг-џун, нареди да се прогласи вонредна состојба, затоа што се сомнева дека коронавирусот пристгинал во земјата.
Деспотот нареди целосен карантин во градот Каесонг во Северна Кореја, откако едно лице за кое се сомневал дека било инфицирано со опасниот вирус, успеало да ја премине границата.
Ова е првпат во Северна Кореја да се пријави постоење на коронавирус на нивната територија од почетокот на светската пандемија.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во саботата повикал на итен состанок во владејачката Работничка партија, на која се расправало за новите случувања во земјата.
Ким ја опишал ситуацијата како критична. Тој повеќе не негирал дека опасниот вирус може да влезе во земјата. Тамошните медиуми пренесуваат дека лицето кое го донело вирусот во земјата, пред три години успеал да избега во Јужна Кореја, а на 19. јули повторно ја преминал границата.
Ким побарал анти-епидемиолошки состанок, со цел да се превземат превентивни мерки на целосно блокирање на градот Каесонг и изолација на секој човек“, е наведено во државната новинска агенција KCNA.
Агенцијата пренесува дека властите ќе се обидат да им влезат во трага на сите контакти кои се заболеле од Ковид 19, во последните пет дена.