Кина развива технологија со која ќе ја брани Земјата од астероиди

Кина работи на технологија со која во иднина ќе може да ја одбрани Земјата од потенцијалните закани од астероиди. Станува збор за кинетички удирачи со чија помош прво ќе ги гаѓа астероидите за да потоа може да им ја смени траекторијата на движење.

Целта на Кина е да стане глобален лидер во производството на вселенски технологии, а пример за тоа е планот за развој на технологија за промена на орбитирањето на потенцијално опасните астероиди со помош на кинетички удирачи.

Кинеската мисија за одбрана на планетата може да се спореди со онаа на НАСА DART (Double Asteroid Redirection Test, која беше лансирана во ноември минатата година. Целта беше да се  предизвика судир со месечината на астероидот Диморфос.

Ова треба да се случи во септември годинава. Кина е неколку чекори зад НАСА, но наскоро ќе биде објавено истражувањето со цел развој на нови системи за пренасочување на астероидите кои се наоѓаат во близина на Земјата.

На прес-конференција директорот на Кинеската национална вселенска администрација, Ву Јанхуа, рече дека Кина сака да развие систем за рано предупредување на астероиди.

Тие имаат во план да произведат и симулациски софтвер за тестирање основни процедури за нејзината технологија наменета за одбрана на планетата.

Ако почетната фаза помине според планот, Кина ќе стартува мисија за набљудување на потенцијално опасните астероиди, а потоа ќе ги гаѓа за да им ја смени траекторијата на движење. Мисијата е планирана за 2026 година.

Scroll to Top