Крајот на светот ќе стигне за четири дена? – Христијаните се плашат од црниот месец

Според некои тврдења на теоретичарите на заговори, крајот на светот доаѓа за четири дена поради тоа што ќе се случи редок лунарен настан кој ќе го помрдне армагедон, пренесува „Дејли стар“.

Таканаречениот црн месец ќе се случи на претстојното помрачување на Сонцето, кое ќе биде видливо во САД на 21 август.

Тој е еден од четирите вида на црниот месец кои може да се појават, но оваа појава сепак е една од најретките.

Но, наместо да уживаат во визуелниот приказ што ќе се случи тој ден, некои христијани (меѓу нив најмногу се истакнуваат евангелистите) убедени се дека доаѓа крајот на светот.

Пасторот Паул Бегли, теоретичар на заговор и водител на радиоемисијата „Доаѓа апокалипса“, смета дека овој настан е еден вид знак.

Изјавил дека некој треба да го збуни народот затоа што човештвото, според неговото мислење, ги доживува своите последни денови.

Пасторот Бегли своето бизарно тврдење го заснова на делот во Библијата каде што пишува: „Сонцето ќе биде свртено ден пред враќањето на Исус“.

Меѓутоа, тој не е единствениот што смета дека доаѓа крајот на светот, пренесува „Дејли стар“.

Марк Блитиќ, автор на книгата „Тајмер на божјиот ден“, изјави дека астрономскиот настап е предупредување од бога.

Авторот Давид Меаде смета дека планета X ќе падне на планетата Земја во септември, еден месец по помрачувањето.

Scroll to Top