Криумчарел дрога во ковчези на мртви војници за време на Виетнамската војна

Френк Лукас е еден од најозлогласените кралеви на дрогата за време на војната во Виетнам. Тоа било време кога американскиот пазар бил преплавен со хероин наречен Blue Magic (Сина магија). Во Харлем бил пренесуван преку тајни јужноазиски врски.

За Френк бил снимен и филм во кој е прикажано како дрогата била шверцувана во ковчези со мртви војници од Виетнам. Лукас, кој неодамна починал, признал дека извршил низа убиства и дека ги подмитувал луѓето во Виетнам за да развие своја мрежа за набавување хероин.

На корумпираните полицајци им плаќал мито од 200.000 долари неделно. Се дружел со Џо Луис, Мохамед Али, Џејмс Браун и Дајана Рос, а огромните количини пари ги трошел на луксузен живот, автомобили, облека, накит и забавни содржини.

На врвот на своето царство заработувал по милион долари дневно. Имал заштедено повеќе од 52 милиони долари на Кајманските Острови, од кои 300 милиони долари му биле во хероин. Во негова сопственост биле и згради во Детроит, ранч во Северна Каролина и апартмани во Њујорк, Мајами, Лос Анџелес и Порторико.

Неговото хероинско царство се срушило во 1975 година. Тој бил уапсен во неговиот дом во Њу Џерси, каде што му биле пронајдени 584.000 долари во кеш. Осуден бил на 70 години затвор, а отслужил само седум.

Тој се спогодил со обвинителството и им понудил информации кои довеле до пресуда  за низа корумпирани службеници. Ричард М. Робертс, кој го водел процесот против него во Њу Џерси, се спријателил со Лукас, но изјавил дека нема илузии за каков човек станува збор.

Лукас е роден на 9 септември 1930 година во Ла Гранж. Немал никаква формална едукација, а како дете ограбувал продавници низ градот.

На 15 години нападнал човек и му украл 400 долари, по што побегнал во Њујорк. Набрзо потоа почнал да се коцка и да продава дрога низ Харлем, подоцна неговите злостори прераснале во вооружени грабежи.

 

На улиците станал славен откако во 1966 година убил  трговец со дрога среде бел ден, пред преполна толпа луѓе. Никогаш не му било судено за тој злостор, кој подоцна го негирал.

Подоцна Елсворт Џонсон му станува негов ментор. По неговата смрт во 1968 година, развил свое криминално царство. Во обид да го разбие мафијашкиот монопол со снабдувањето хероин, кој се продавал во Харлем, Лукас заминал на Тајланд каде што се сретнал со Лесли Аткинсон Ике, кој бил во брак со негова роднина.

Лукас вели дека Аткинсон, кој водел бар во Банкок и им продавал дрога на афроамериканските војници, се согласил да му помогне. Во златниот триаголник на границата меѓу Тајланд, Брума и Лаос бил постигнат договор со Лучаи Рубиват, кој одгледувал мак и од опиумот произведувал чист хероин.

Го купил за 132 килограми, по цена од 4300 долари по килограм. Во Харлем мафијата го наплатувала за 50.000 долари по килограм, кој на улиците се продавал за 300.000 долари.

Лукас вели дека имал организираната мрежа на подмитување војници кои хероиниот го носеле во воздушната база во Виетнам, од каде во сандаците со телата на загинатите војници го пренесувале во САД. Лукас најмил столар кој ги правел сандаците со лажно дно, каде што го криел хероинот.

Аткинсон подоцна ги негирал неговите тврдења, а хероинот, како што вели, го префрлал во мебел во операција која тој ја контролирал. Рон Чепесиук, автор на книгата Superfly: The True Untold Story of Frenk Luxas, the American Gangster, тврди дека Аткинсон бил таа врска, а не Лукас.

Ги цитирал изјавите на истражителите и тврдел дека многу изјави на Лукас всушност се лажни.

Меѓу највпечатливите делови на филмот е и тој како дрогата се криумчарила во сандаци кои биле носени во воените бази ширум САД, од каде соработниците го префрлале во Харлем. Потоа дрогата се чистела и намалувала на 10 до 12 % чиста дрога. Неговиот хероин Blue Magic примардно се продавал на западната 116 улица.

Хероинот се продавал меѓу Седмата и Осмата авенија, на подрачјето кое станало отворен супермаркет за дрога. Бил уапсен на 28 јануари во 1975 година.

И покрај убиството и сведоштвото на двајца сведоци, кои дале изјави против него пред поротата, Лукас е осуден на затвор од кој поради соработката со властите за други истраги е ослободен во 1982 година. Повторно е осуден по новите обвинувања поврзани за дрога во 1984 година, а во затвор останал до 1991 година.

Државата неговиот имот го запленила во периодот на 70-тите години затоа што живеел анонимен живот преку програмата за заштита на сведоци. Последните години од животот ги минал во Неварк, во количка. Лукас во тој период изјавил дека се покајал за своите злостори.

Тој ѝ помогнал на својата ќерка во работата на организацијата што помагала на деца чии родители биле во затвор. Напишал книга што ја посветил на своите деца, а ветил дека  заработката од продажбата ќе ја искористи за промовирање на едукацијата.

„Ве молам да учите на моите грешки. Останете во училиште, завршете средно училиште и дојдете до највисокото ниво на образование што можете да го добиете. Тоа е вистинскиот пат во животот“, порачал Лукас.

 

 

Scroll to Top