Ларија со нејзината баба ја решиле мистеријата за чудовиштето од Лох Нес

Осумгодишната Ларија и нејзината баба Марија веруваат дека конечно имаат доказ дека некакво чудовиште живее во длабочите на езерото Лох Нес.

Ларија снимила видео додека била во посета кај нејзината баба Марија. Во видеото се забалежува нешто долго и тенко како прска вода околу себе во езерото.

И двете велат дека приметиле чудно движење во водата, но и блескава светлина од неидентификуван објект. Велат дека во тој момент во близина немало ниту луѓе ниту бродови.

„Седевме на камењата неколку минути во езерото. Го подигнав погледот и забележав светлина во водата. Се чинеше како светлоста да се одбива од нешто, но во близина немаше бродови, ниту луѓе. Погледнав поубаво и ми се чини дека немаше објаснување за ваквата гледтка“, вели Марија (62) која работи како професорка.

Таа направила неколку фотографии, а потоа нејзината внука снимила и видео во кое било забележано нешто чудно. И двете се убедени дека го забележале чудовиштето од Лох Нес.

„Не можам да го објаснам тоа што го видовме во езерото. Единствено што ми паѓа на памет е дека станува збор за чудовиштето од Лох Нес“, вели Марија.

Scroll to Top