На Месечината живеат 250 милиони луѓе, а на Земјата ги праќаат по казна

Поранешен пилот на ЦИА, Џон Лир, познат во круговите на теоретичарите на заговор, тврди дека сѐ што ни е пласирано од страна на надлежните за Месечината е лага.

Тој тврди дека открил скриени структури на Месечината и дека поседува неверојатни фотографии на кои јасно се гледаат повеќе структури и градежни изданија. Тврди дека во овој момент на Месечината живеат 250 милиони луѓе!

Аматерските астрономи снимиле нешто што потсетува на холограмска проекција на површината на Месечината. Дали таа е искористена за криење на структурата? Која би била другата причина за холограмско проектирање и разместувањето на кратерите!?

Луѓето на Месечината заминале во 40-тите и 50-тите години од минатиот век користејќи антигравитациско летало на „Тесла“.

„Не можам тоа да го докажам затоа што веќе би бил мртов, но тоа е логично затоа што нема друго на што американската влада би можела да испумпа милијарди долари?“, тврди Лир.

Во неговата снимка може да се видат фотографии снимени од опсерваторијата „Јеркс“ во 1946 година. На нив се забележува голема експлозија северозападно од кратерот „Ендимион“.

„Како што знаеме, димот, прашината или пареата не можат да се кренат во вакуум. Но, на оваа фотографија јасно се гледа како димот се крева и голем облак се појавува на површината на Месечината и се шири кон неговата атмосфера. Тоа би било можно, само доколку на површината на Месечината нема вакуум и доколку нема шестина од Земјината гравитација“, тврди Ли и додава дека Месечевата маса всушност изнесува 68,71 отсто од Земјината маса.

Лир објаснува дека Месечината е создадена од Јупитер пред 40 милиони години, а за време на последната ледена доба, пред околу 15.000 години, со електромагнетен летачки објект е довлечена во орбитата на Земјата. Сето тоа објаснува од каде на Месечината има толкави огромни градови, цивилизации и бази.

„Жителите на Месечината се вонземјани кои донекаде потсетуваат на луѓе. Таму има од сите видови, но сите живеат под површината на Месечината и работат во огромни лаборатории. Приказната продолжува и понатаму! Земјата е еден вид затвор, а таквите планети, кои се како затвор, се со бројка од речиси милијарда луѓе!“, вели тој.

Лир е внук на основачот на „Лирџет“, Бил Лир, пензиониран воздухопловен капетан и поранешен пилот на ЦИА, кој управувал со повеќе од 100.000 авиони во текот на 40 години активно летање.

Тој има повеќе пилотски сертификати од кој било друг сертифициран пилот. Летал во Азија, Африка, Источна Европа и на Блискиот Исток.

 

 

 

 

 

Scroll to Top