На Земјата оделе џинови високи по три метри. Кој и зошто ги крие доказите?

By

Во голем број  извори, како што се Библијата и записите на Индијанците, се спомнува постоењето џинови, а некои луѓе ги посветиле и своите животи на истражување на ваквите приказни.

Приказните за џинови отсекогаш биле присутни во човечката фантазија и легендите. Но, многумина веруваат дека тие навистина постојат. Меѓу нив се и браќата Џим и Бил Виеира, кои животот го посветиле на истражување на ваквите феномени, а за нивната потрага „Хистори чанел“ снимил и документарен серијал.

Џиновите се појавуваат во грчките и римските легенди за титаните и за киклопите, се појавуваат и во Библијата (приказната за Давид и Голијат), но и во релативно неодамнешните новински записи стари стотина или повеќе години.

На овој или оној начин џиновите се присутни во легендите целосно неповрзани со цивилизацијата на речиси сите континенти на планетава.

Дали биле канибали?

Џим и Бил Виеира одлучиле своите истражувања да ги ограничат на територијата на САД кога пронашле прастара колекција текстови на угледни американски новинари напишани на тема токму за џиновите.

Во нив се споменува пронаоѓање големи коски и костури на луѓе што биле високи меѓу 215 и 365 сантиметри.

Истражувачите споменуваат и черепи што биле со просечна големина како кациги и вилици со по два реда заби.

Исто така, индиската легенда споменува и џиновска класа аристократи, но и конфликти со џиновските канибали.

Освен новинарските текстови, за откривањето на џиновските костури пишувале и многубројни американски историчари, пренесува „Хафингтон пост“, весник во кој работат новинари што наведуваат конкретни примери од нивните книги.

За џиновите, уверени се браќата Виеира, пишувал и самиот поранешен американски претседател Абрахам Линколн при посетата на Нијагарските Водопади.

Прашањето што сега се поставува е доколку џиновите навистина постоеле и ако се пронајдени нивните коски, каде се другите физички докази за нивното постоење?

Браќата Виеира тврдат дека тие биле сместени во неколку американски музеи за што постои и евиденција. Кој стои зад криењето на евентуалните докази и зошто го направил тоа, е само едно од прашањата на кои одговор се обидел да добие и „Хистори чанел“.

 

 

Ќе ви се допадне

Animeflix - Watch your favorite anime online FREE.

AnimeBee Watch anime online, English anime online HD

Website https://kissanime.mx: Watch Dragon's Dogma (Dub) kissanime Episode 7 kiss anime monster

Website https://twistmoe.net: Watch Izumo twistmoe Episode 2 anime sites

Gogoanimebe peatix: https://gogoanimebe.peatix.com/

Player: https://player.me/animefreakws/about