НАСА планира да создаде генетски модифицирани астронаути за да преживеат на Марс

By

Можноста да луѓето еден ден посетат други планети, никогаш не изгледала до толку реална, како во последните неколку години, но уште неколку препреи терба да се совладаат пред да истата стане реалност.

Некои луѓе веруваат дека неверојатните научни откритиа веројатно не чекаат на црвената планета, а НАСА неодамна ги зголеми своите напори со надеж дека таму ќе испрати астронаути до 2030 година.

Козмичкото зрачење е еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат посетителите на Марс, и истото не доаѓа само од Сонцето туку и од ѕвездените експлозии кои се случуваат далеку од нашиот Сончев систем.

Честичките на зрачењето во вселената можат да се судрат со јадрата во човечкото ткиво, создавајќи нуклеарна колизија која може да создаде нови честички и да и наштети на човечките ДНК клетки. Интересно магнетното поле не штити од истите такви честички, но астронаутите кои би тргнале на Марс, би можеле да бидат изложени на тие честички со години, доколку би биле без заштита.

Сега НАСА разгледува неколку начини на кои би ги решила тие предизвици, вклучувајќи ја и употребата на лекови кои ќе ја измиени ДНК на астронаутите. Тие веруваат дека до тоа би можело да помогне во поправката на штетата која ја предизвикуваат честичките со висока енергија кои ќе ја бомбардираат кога ќе ја посетат планетата.

Овој пристап го спомена и доктор Даглас Териер, главниот технолог на агенцијата на НАСА, во пресрет на настапите на самитот „Лондон Кодекс Иновационен Самит“. Заштитните одела исто така се предложени како можност, но се верува дека истите ќе бидат непрактични. Освен тоа, НАСА ги разгледува сите можности за користење на вештачката интелегенција во програмите за дијагностицирање на болести во вселената, па дури и проба на роботска хирургија.

Но, тие исто така имаат во план да ја променат ДНК на астронаутите низ епигенетички измеини кои ќе го променат начинот на кој телото ги чита гените без влијание на основната ДНК. Мењањето на хемикалиите ќе го контролираат волуменот на гените, а нивното делување може да биде засилено или исклучено по потреба ако нешто биде згрешено.

Доктор Териер изјави за „Тајмс“: „Ние бараме решенија. Од терапии лекови, кои ќе бидат ветувачки, па се до екстремни работи како епигенетичките измени се до манипулациите“.

Кои се долгорочните последици на тие „безбедносни“ мерки?

Додека тие веруваат дека тие пристапи можат да помогнат во превенција на ракот, и други болести предизвикани од зрачење во теоријата, постојат многу прашања за безбедноста на таквите пристапи.

Според доктор Териер, четири астронаути веројатно ќе бидат на бродот кој ќе лета на Марс за да пронајдат добра рамнотежа меѓу лесното патување и решавањето на проблемот со осаменост. Четири астронаути кои се пријавиле за оваа мисија ќе мора да минат низ епигенетските измени, и можеме само да погодуваме до каде би можело тоа да не доведе.

Волонтирањето за патување на друга планета е многу неизвесна и телата на тие луѓе ќе бидат подложени на елементи кои не се во можност целосно да се предвидат. Сепак можноста за генетски изменувања на луѓето не доведува на едно ново ниво на сложеност. Луѓето кои волонтираат за пат на Марс јасно се подготвени за ризиците за вселенските патувања, но ефектите на човечката генетска модификација, можеби нема да биде ограничено само на тие поединци.

Освен на прашањето за долгорочна безбедност, што би можело да се случи ако било која од овие четири генетски модифицирани астронаути би сакале да имаат деца? Колку генерации ќе бидат под влијание на нивната модифицирана ДНК? Под претпоставка дека овие четири лица сигурно ќе се вратат на Земјата по мисијата?

Има повеќе прашања отколку одговори, кога станува збор за овој пристап, па дури и доктор Териер признава дека тоа ќе има целосно етички последици.

Првото прашање кое се поставува е како астронаутите кои биле на Месечианта, ќе се вратат живи, и ќе доживеат длабока старост, и покрај големата радијација. А второто е како научниците ќе ги заштитат астронаутите со модификација на ДНК, кога не знаат сеуште ни да лечат заболени од рак?

 

 

 

 

 

Ќе ви се допадне