Научниците ќе создадат диносаурус за десет години

By

Научниците тврдат дека можат да создадат жив диносаурус и за најмногу 10 години, инспирирани со генетските истражувања на палеонтологот Д-р. Алан Грант, лик од филмовите „Џурасик парк“. Д-р. Џек Хорнер, кој работел како консултант на сите четири филма од серијалот, верува дека одговорот на ова е во пилињата.

dobivaj vesti na viber

Во раните 90-ти години, кога Хорнрер бил советник на Стивен Спилберг, научниците претпоставувале дека постои можност да се создадат диносаурусите со користење на нивната ДНК. Но, испитувањата на остатоците ДНК од диносаурусите покажале дека тие се деградирале, па затоа оваа теорија била отфрлена.

Научниците од Харвард и Јејл започнале постапка на обратна еволуција, односно мутирање на денешното пиле наназад до неговите праисториски корени.

„Секако дека и птиците се диносауруси, ние само треба да ги поправиме за да повеќе личат на диносаурусите“, изјавил Д-р. Хорнер за магазинот „Пипл“ и навел четири главни разлики помеѓу диносаурусите и птиците:  опашката, горните и долни екстремитети и устата.

Хорнер со својот тим веќе работел на тоа да се сменат одредени елементи од генетика на пилиња, односно ги менувале нивните ембриони. Со обратен инженеринг тој успеал клунот на птицата да го претвори во уста на диносаурусот велоцираптор. Тој вели дека крилјата и нозете многу потешко ќе се развиваат.

„Опашката е најзначајниот дел од проектот. Но, успеавме да постигнеме нешто што ни дава надеж дека ова нема да трае уште многу време“, додал тој.

 

 

Ќе ви се допадне

nhà cái go88 cách bắt cầu tài xỉu chuẩn go88 Go88 – Trang trò chơi Tài Lộc ăn tiền ảo lãnh tiền thật

tải sunwin 2022 sunwin macao ông chủ nhà cái sunwin