Саудијците, кои го ликвидираа дисидентот и новинар Џамал Кашоги, до Истанбул летале со авион на приватна компанија, кој една година претходно, пред ликвидацијата, го запленил престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамад бин Салман, објави Си-ен-ен.
Телевизиската мрежа се повикува на документи што имале ознака „Строго доверливо“. Во докумените во кои Си-ен-ен имал увид саудискиот министер ја пренел наредбата на престолонаследникот Бин Саламан веднаш да се одобри завршување на неопходните процедури за пренос на сопствеништвото над компанијата Sky Prime Aviation.
Во документите исто така е претставена процедурата и патот по кои сопствеништвото на оваа приватна компанија требало да му биде префрлено на државниот фонд во 2017 година, со која претседава престолонаследникот.
Ликвидаторите потоа во 2018 година користеле авион за да отидат до Истанбул и во саудискот конзулат го убиле и распарчиле новинарот Кашоги во октомври 2018 година.
Поранешниот директор во одделението на ЦИА за Блискиот Исток, Дан Хофман, изјавил дека тоа било само еден од доказите дека престолонаследникот Бин Салман бил запознат со ликвидацијата на Кашоги.
„Сите докази што го поврзуваат Мохамед бин Салман и другите на директен начин е важно“, изјавила правната застапничка на свршеницата на Кашоги, која ги тужела престолонаследникот и неколку блиски луѓе до него.
Многубројни известувачки служби, вклучувајќи ја и ЦИА, заклучиле дека саудискиот престолонаследник го наредил убиството на новинарот на „Вашингтон пост“. Принцот Бин Салман и понатаму негира дека тој е одговорен за смртта на Кашоги.
Администрацијата на новиот претседател на САД, Џо Бајден, треба да ја тргне ознаката тајност од извештаите за убиството на Кашоги, најверојатно, до крајот на оваа недела.
Тргањето на ознаката тајност претходела на телефонскиот разговор на Џо Бајден со кралот Салмон од Саудиска Арабија, а не со син му, кој всушност е господар на ова блискоисточно кралство.