Орбан: Не ветуваме дека ќе има пензии ако примиме уште мигранти

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека не може да вети оти Унгарија ќе има пари за зголемување на пензиите, детските додатоци или даночните олеснувања за семејствата со деца доколку земјата биде принудена да прими мигранти со трошоци од девет милиони форинти (28.900 евра) за мигрант годишно“, пренесува МТИ.

Се наведува дека Орбан во видеоприлогот што го има поставено на својата официјална страница на „Фејсбук“ вели дека Унгарија мора да ги заштити сопствените достигнувања и мора да остане унгарска.

Орбан, претставувајќи го кандидатот на неговата партија Фидес во градот Нјиреџхаз, на истокот во Унгарија, изјави дека постојат два вида земји во Европа. Оние што вработиле или ќе вработат мигранти и оние што нема да ја дозволат таа инвазија.

„Унгарија припаѓа во оваа втората група“, порача Орбан.

Scroll to Top