Пет очигледни недоследности за масакрот во Лас Вегас што треба да бидат разрешени

Во историјата постоеле документирани и фактички дејства што владата ги организирала со цел да ја манипулира јавноста поради носење закони, прикривање војни или за да спроведе контрола.

Настаните што толку често се случуваат се одвиваат под лажно знаме.

Постои тенка линија по која сите ние се движиме, меѓутоа љубопитноста за сè и сешто нè доведува до сознанието дека сè е заговор изведен од страна на владата или сè се одвива под лажно знаме.

Оние што веднаш тврдат дека секоја насилна трагедија или настан се одвива под лажно знаме, често прават повеќе штета во борбата да се дознае вистината за разлика од оние што слепо прифаќаат сè што нивната влада ќе им каже дека е вистина.

Секојпат кога ќе се случи некој настан, важно е да го задржите умот отворен и да барате недоследност на работите, да се обидете да пронајдете контрадикции и секогаш избегнувајте ги пребрзите заклучоци.

Со оглед на моментните информации што досега се објавени за трагичниот настан во Лас Вегас, се чини дека полека многу недоследности излегуваат на површина поради масовната хистерија и конфузија, кои се дел од насилни и трагични настани.

Ви го претставуваме пописот од пет најголеми недоследности за оваа трагедија, а сметаме дека важно е да ги истакнеме за конечно да се дојде до вистината.

  1. Стивен Падок нема профил на масовен убиец

Ова е можеби најочигледна од сите недоследности. Профилот на психолошките карактеристики на масовните убијци во поновата историја се открива преку нивните претходни убиства, што не е случај со Падок.

Најчудниот факт е дека Падок бил богат. Тој бил книговодител, живеел во куќа од половина милион долари во населба на пензионери и нема криминално досие.

Неговиот брат, Ерик Падок, бил еднакво вчудовиден кога слушнал што направил брат му затоа што штотуку разговарал со него.

„Ние сè уште сме збунети. Без зборови“, изјави тој.

Тој го опишал својот брат како човек што не е насилен. Нема историја за нешто што е поврзано со политика, религија, теорија на заговор и така натаму. Само сакал да добие ројал флеш во покер.

Ерик изјавил дека последен пат разговарал со својот брат кога тој му се јавил на Флорида за да дознае како е мајка му по ураганот Ирма. Колку масовни убијци контактираат за да проверат како се нивните мајки пред да заминат да извршат масакр и убиство над десетици невини луѓе?

  1. Падок со својата девојка бил во казиното ноќта кога било убиството

Ерик Падок изјавил дека брат му сакал само да се коцка.

„Сакаше. Кога велам сакаше, велам дека за него тоа беше како еден вид работа. Беше забавно затоа што луѓето беа љубезни кон него“.

Падок беше редовен посетител во Вегас. Тој дури беше и фатен од страна на безбедносните камери во „Космополитан казиното“ во 2011 година на кои е снимен како паѓа. Тој подоцна се обидел да го тужи хотелот поради повреда, па дури и тогаш сите биле фини кон него.

Пред масовното убиство Падок бил во казиното на хотелот „Менделеј беј“ четири дена и не направил ништо необично за да го придобие вниманието од хотелското осигурување.

Тој, едноставно, се коцкал. Иако е можно да сакал да се вклопи во својот план и околината и дека само го чекал моментот за напад, фактот дека ја користел картичката на својата девојка за автомат ги прави работите необични.

За оние што не знаат, картичката за коцкање е начин на кој коцкарите ги следат лојалните муштерии. Кога ќе соберете доволно бодови, казиното ќе ви подари соба или оброк. Падок играл со оваа картичка ноќта кога отворил оган врз 22.000 луѓе.

  1. Безбедносните снимки од Падок во хотелот наскоро ќе бидат објавени

Кај повеќето масовни убиства во рок од 24 часа можеме барем да видиме фотографија на сторителот направена од страна на безбедносните камери во објектот. Во овој случај ниту една снимка сè уште не е пуштена во јавност.

Зошто не објавија, на пример, фотографија од тоа како Падок се движи во предворјето во хотелот?

  1. Ниту хотелскиот персонал, ниту хигиеничарите, ниту безбедносните снимки, ниту обезбедувањето не го видело Падок како носи стотина килограми пушки и куршуми во собата.

Изворниот извештај покажал дека Падок имал десетина парчиња огнено оружје во својата хотелска соба кога бил убиен од страна на SWAT-тимот. Но, извештајот од вторникот утрото укажува на тоа дека властите наброиле неверојатни 23 парчиња оружје.

Полицијата истакна дека само едно од тоа оружје бил пиштол, што значи дека 22 биле разни видови пушки и митралези.

Донел повеќе од 10 куфери во апартманот, изјави шерифот Џо Ломбардо. Сепак, никој не мислел дека тоа е сомнително?

Шефицата на хотелот, Дина Титус, за Си-ен-ен изјавила дека не виделе никакви сомнителни работи.

Падок имаше доста добро скриен арсенал, изјави таа.

  1. Падок дејствувал сам, која е жената што предупреди дека сите ќе умрат на концертот 45 минути пред пукањето?

Медиумските куќи објавиле интервју во кое еден од очевидците изјавил за локалната телевизија NBC дека жена предупредила за нападот 45 минути пред пукањето.

Сведокот тврди дека ја видела жената како се турка во првите редови на концертот, приближно 45 минути пред да се случи масакрот и се заканува дека набргу сите ќе бидат мртви.

Иако сите овие прашања и недоследности набргу би можеле да бидат одговорени од страна на властите, ниту една главна медиумска куќа не поставува такви прашања.

 

 

 

Scroll to Top