Планот на НАТО – Србија за 72 часа ќе биде под целосна контрола

Воениот одбор на НАТО-пактот, на чие чело е чешкиот генерал Петр Павел, разработи стратегија за одбрана од евентуална руска агресија, во која најсериозно се разгледуваат и плановите за окупација на Србија, пишува филочетнички „Информер.рс“.

Како што информираат одлично известувачките дипломатски безбедносни извори, аналитичарите на НАТО проценуваат дека во првата фаза им е отворениот конфликт со Русија и проблемот во Европа што го прави Србија, која, како што се наведува, е верен руски сојузник и во која повеќето граѓани фанатично се на страната на Москва.

Генерал Петр Павел по НАТО-самитот во Сплит отворено им се закани на Србија и на Република Српска со војна поради опасноста од руското влијание, со стратегијата за одбрана од Русија, во која се наведува процената за неутрализација на српската закана, нешто за што би биле потребни најмногу 72 часа.

„Во доверливата документација на Воениот одбор на НАТО се наведува процената оти во случај на крајна нужда Србија мора да биде ставена под целосна контрола за најмногу три дена. Таквата процена се темели на уверувањата дека Србија би можела да им овозможи долготраен отпор преку инвазија, која би почнала за сите земји членки од западниот воен сојуз во опкружувањето, опфаќајки ги Хрватска, Унгарија, Романија, Бугарија, но и територијата што НАТО ја држи под целосна контрола, односно пределот што го зафаќаат Македонија, Црна Гора и Косово!“, вели западен воен дипломат со долга кариера.

Според неговите зборови, овој план на НАТО-пактот е крајно уценувачки и никако не значи дека Србија навистина би била окупирана.

„Ова е план што би се активирал само во случај на отворена војна меѓу НАТО и Русија и само во случај Србија во таа војна отворено да се стави на руска страна. Така, крајното хипотетичко сценарио е ставено под прашање. Сепак, важно е да се знае дека НАТО во воените планови има и планови за окупација на Србија“, објаснува соговорникот.

Службено, никој не сака да ги коментира нашите сознанија. Сепак, на другата страна аналитичарите и експертите велат дека вакво нешто, за жал, воопшто не изненадува. Безбедносниот експерт, како што „Информер“ го нарекува Џевад Галијашевиќ, истакнува дека Павел очигледно почнува со прогон на руски духови на Балканот.

„Тој Сојуз не е чувар на мирот, туку тоа е масовен убиец! Целата оваа стратегија е само закана и пропагандна, се разбира, тие не можат да ја уништат Србија за 72 часа. Би можеле од Хрватска или „Бонстил“ на Косово, каде што е најголемата база на НАТО, да ги бомбардираат мостовите, но ништо повеќе од тоа“, истакнува Галијашевиќ и додава дека моралот на српската војска е на високо ниво.

Запалени сите аларми

Професорот од Факултетот за безбедност, Дарко Трифуновиќ, вели дека во НАТО навистина се запалени сите аларми и изработени се разни стратегии на одбрана од руска агресија.

„Можно е затоа да постои и ваква опција, која предвидува неутрализација на заканата од Србија. Што повеќе Србија се приближува до Москва, толку повеќе ќе биде вел на НАТО“, заклучува Трифуновиќ.

Генералот Павел најави и военотехничка помош на членките на НАТО, а најмногу, како што информира „Информер“, на усташкиот режим во Загреб.

 

„Опасноста од конфликт на Балканот и натаму е многу голем. Ситуацијата во овој регион е далеку од стабилна. На Балканот денеска му се заанува исламски тероризам, но постои и руско влијание“, ги објасни генерал Павел причините за вооружување на Загреб и заканата што доаѓа од страна на Србите.

Поранешниот шеф на дипломатијата, Живадин Јовановиќ, порачува дека почвата се тресе под нозете на НАТО затоа што одамна ја изгуби причината за своето постоење.

НАТО-генералите и понатаму мислат дека ова е светот од периодот на постоењето на Студената војна кога САД биле единствена светска сила, па влегуваа од грешка во грешка. Наместо да сфатат дека со Русија, Кина и земјите од БРИКС им требаат партнерски односи, тие посакуваат нова војна. Суштината на тоа е создавање профит за американската воена индустрија. Западот има многу оружје, но нема многу мудрости. Игнорирајќи го фактот дека не разреши ниту една војна во која се вклучи, не сфати дека само ги продлабочи“, истакнува Јовановиќ.

 

Scroll to Top