Поради климатските промени, драстично ќе се намалува светската популација

By

Во студија објавена во списанието за здравје „The Lancet Planetary Health“ се наведува дека бројот на смртни случаи предизвикани од климатските промени би можел да биде за 50 пати поголем.

Екстремните временски услови до крајот на векот би можеле да бидат причина за смрт на 152.000 Европејци годишно доколку ништо не се преземе за намалување на ефектите од климатските промени. Тука се вбројуваат топлотни бранови, а од нив најмногу е погодена Јужна Европа.

Екстремните временски услови до 2100 година ќе влијаат врз два од три Европејци. Ќе порасне и бројот на настрадани во поплави, од 6 годишно на почетокот на векот до 233 на неговиот крај.

Со истражувањето се анализирале топлотните бранови, шумските пожари, сушите, речните и морски поплави и бури, во 28 земји во Европа, како и Норвешка и Исланд.

Експертите велат дека ако глобалното затоплување итно не се спречи и не се преземат соодветни мерки, до крајот на векот околу 350 милиони Европејци секоја година ќе бидат изложени на штетни климатски екстреми.

Ќе ви се допадне

ANIMEFLIX animeflix one punch man: Hori-san to Miyamura-kun (https://animeflix.nl/m/dxm3) Episode 4

AnimeHeaven anime heaven anime: Watch Hunter x Hunter (Dub) Episode 119 (https://animeheaven.pro/m/WeWq/ep-119)