Поранешен руски шпион тврди дека Путин го отрул со геј хормони

Рускиот шпион Игор Викторовиќ Пројхоров (66) неделава бил хоспитализиран поради симптоми од труење со жива.

Игор  повикал итна помош бидејќи имал треска. Лекарите го пронашле во бесвесна состојба во неговиот дом.

Игор, кој работел како двоен агент за Британците повеќе од 30 години, неодамна се преселил во Велика Британија, поради тоа што се плашел за својот живот.

Поранешниот шпион верува дека бил отруен од службите во Москва, кои користеле супстанца чиј ефект бил развивање хомосексуални тенденции.

„По 66 години како хетеросексуалец, сега се соочувам со ирационално однесување, поголеми гради и сексуална наклонетост кон припадниците од ист пол”, изјавил Игор пред новинарите.

Тој верува дека бил таргетиран од Москва откако се преселил во Велика Британија минатата година, плашејќи се дека неговото покритие како двоен агент било компромитирано.

„Москва очигледно сака да испрати порака до другите руски дезертери преку обидот од мене да направи помалку маж“, додал тој.

Официјалните британски служби сметаат дека Москва ги труе агентите

Хемикалиите што ги користи војската при ваков напад се користени за првпат во Европа по Втората светска војна. Тие се идентификуваат како супстанци од класата Goluboi,  развиени за време на Студената војна.

Во тој период Советскиот Сојуз имал за цел да развие несмртоносно оружје кое хемиски требало да ја смени состојбата на умот кај непријателските трупи и од нив да направи геј мажи кај кои место за желба да војуваат, им се појавува потребата да имаат секс со припадник од ист пол.

„Станува збор за силен афродизијак, хемикалија што може да предизвика хомосексуално однесување“, објаснува рускиот експерт за политика Ален Велш.

Моделот на хемискиот напад бил сличен како оној со труењето на рускиот шпион Борис Зиуганов во Лондон во 2014 година, смета Велш.

Зиуганов тогаш јавно ја обвинил Москва за труењето и тоа што го претворила во геј.

По разводот  со неговата 46-годишна сопруга, Зиуганов истата година  заболува од сида, која му ја пренесува неговото ново момче.

Ваквиот напад врз Зиуганов веројатно бил одобрен од рускиот претседател, Владимир Путин, според истражувањето кое го направило лицето У.К. во 2015 година.

 

 

 

Scroll to Top