Ротшилд обвинет за вмешаност во скандал со перење пари

Швајцарскиот финансиски регулатор ги обвини „Ротшилд банк АГ“ и нејзината малезиска филијала „1МДБ“ за кршење на законот за спречување перење пари.

Според регулаторот, банката на Ротшилд, „ Ротшилд банк АГ“ и „Ротшилд труст АГ“ не успеале да докажат од каде доаѓа имотот на клиентите.

Компаниите, како што пренесуваат медиумите, ги занемариле знаците дека средствата би можеле да бидат поврзани со перење пари и сеедно ги зеле. Компаниите блиски до семејството Ротшилд исто така се обвинети поради тоа што предоцна известиле за ваквиот проблем.

„Поконкретно, овие компании биле несогласни со барањата за известување и документација“, се наведува во соопштението на Финансискиот регулатор на финансискиот пазар (ФИНМА).

„ФИНМА ќе именува ревизорски агенти за да ги прегледа подобрувањата што институциите веќе ги воспоставиле. Постојано ги засилуваме нашите системи и постапки и одлучивме да продолжиме тоа да го правиме, така што ќе го препознаеме и сузбиеме целиот софистициран финансиски криминал со кој се соочува индустријата“, изјавил портпаролот на ФИНМА.

Истрагата за наводните незаконски постапки на малезиската подружница Malaysia Development Berhad е поведена уште во 2011 година.

Менаџерите на институцијата се сомничат дека проневериле средства наменети за државни проекти и економски развој. ФБИ се приклучило во истрагата пред три години со истражители во Хонг Конг, Сингапур, Луксембург, вклучувајќи ги тука и Обединетите Арапски Емирати и Австралија.

Овој скандал довел и до апсење на малезискиот премиер Наџиб Разак претходно оваа година. Тој бил обвинет за наводна повреда и злоупотреба на средствата.

 

 

Scroll to Top