Руските морнари никогаш не се плашеле да пловат низ Бермудскиот Триаголник

Ветеранот на Воената морнарица на Русија, контраадмиралот Всеволод Хмиров, вели дека советските и руски морнари никогаш не се плашеле да пловат по мистериозниот Бермудски триаголник.

„Сите тие разни неверојатни теории за Бермудскиот триаголник покжауваат колку митовите се силни и долговечни. Третата флота на стратешки ракетни подморници две децении вршела служба во подрачјето на Карипското Море. Ниту јас, ниту моите другари во подморницата никогаш не видовме никакви необични појави за кои светот постојано говори. Но, видовме алги и ја видовме, почувствувавме и слушавме топлата вода на длабочина од 50 метри, чија температура изнесуваше 26 степени Целзисуови. За советските морнари, Бермудскиот триаголник во тоа време беше сосема безбеден“, раскажува ветеранот за телевизијата „Ѕвезда“.

Хмиров нагласил дека Бермудскиот триаголник останал безбеден за руските морнари. Луѓето се плашат од легендарниот Бермудски триаголник.

Подрачјето меѓу Бермудите, Флорида и островот Порторико во Атланскиот Океан, на површина од околу 1140 квадратни километри, отсекогаш ги плашел морепловците и рибарите.

Записите за исчезнатите бродови се водат уште од 15. век, а наводно и самиот Кристофер Колумбо на својата пловидба кон новиот свет, во 1492 година, забележал чудни светла над тоа подрачје. Според непотврдедни статистики, во тој дел на океанот досега исчезнале 8.152 лица.

И покрај тоа што во внатрешноста на појасот на Бермудскиот триаголник биле забележани низа  исчезнати бродови и авиони, од кои некои  никогаш не се пронајдени, службените статистики од осигурителните друштва покажуваат дека на тоа подрачје не постои голема опасност.

Scroll to Top