Слаѓана предупредува дека вакцините можат да бидат смртоносни

Доктор Слаѓана Велков која студирала и дипломирала медицина во Ниш и Скопје, отворено говори за негативниот ефект на вакцините и вакцинирањето. Слаѓана работела во канцелариите на Обединетите нации во Македонија.

Била лекар по општа пракса на итното оделение во Врање и во Кувајт. Работела како лекар ѝ менаџер за развој на медицината. Во последните неколку години се занимавала со бесплатни часови за лечење со правилна исхрана и здрав начин на живот.

Слаѓана има одржано голем број предавања и настапи на радио и телевизиски гостувања. Настапила во Саудиска Арабија, Индија, Србија, Македонија, Кувајт, Шпанија, Бугарија и Австралија.

Вели дека родителите ризикуваат со вакцинирањето на нивните деца. Објаснува дека лекарите нема да ви потпишат изјава во која ќе ја прифатат одговорноста од нус појавите од вакцината.

„Побарајте од лекар да ви потпише изјава дека ја прифаќа одговорноста за сите негативни последици од вакцинацијата. Ќе се уверите дека ниту еден од лекарите или службеник во министерствата, нема да ви потпише таква изјава. Во моментот од набавката на вакцината, сите произведувачи се дистанцираат од одговорноста, од можноста за негативните последици на вакцината. Јас се прашувам, ако произведувачот не е одговорен, тогаш кој е? Одговорноста за животите на нашите деца секогаш е наша“, вели Слаѓана.

Слаѓана која е угледен доктор вели дека минала низ голготата на корумпираниот медицински систем. Вели дека веќе од поодамна го има напуштено, истовремено одрекувајќи се од угледот кој оди заедно со титулата лекар.

„Додека работев како лекар во Кувајт забележав дека кај дел од пациентите на кои им препишував лекови се јавуваа одредени симптоми кои беа наведени како негативно дејствување токму од лекот кој јас им го препишував. Кратко подоцна се јавуваа ѝ нови симптоми, како последица на другите лекови кои јас им ги препишував. Колку повеќе лекови користеа, толку моите пациенти повеќе се разболуваа“, вели Слаѓана.

„Тогаш се запрашав дали начинот на лечење што го применував е навистина исправен и единствен? Дали некаде на тој пат медицината тргнала во погрешен правел. Дали наместо да ги лечиме пациентите, ние лекарите им нанесуваме уште поголема штета? Во моето семејство имаше случај во кој мојата свекрва се разболе многу наскоро откако ја прими вакцината против грип. За жал таа почина само една година дена откако ја прими вакцината. Тогаш почнав со истражување на природните начини на лекување ѝ дојдов до интеренси откритија. За жал за мојата свекрва беше предоцна, но новите сознанија до кои дојдов, комплетно ги промени моите сфаќања за медицината“, објаснува Слаѓана.

„Постојат едноставни природни методи со кои луѓето можат да се излечат дури и од болести за кои сметаме дека се неизлечиви. Тука би ја споменала лажната епидемија на свински грип. Сите медиуми ја објавија веста за наводната епидемија. Министерствата набавуваа голем број вакцини и со тоа потрошија голем број од нашите пари. Благодарение на австралиската новинарка Џејн Бургермеистер, открив дека последиците од вакцинацијата со оваа вакцина се катастрофални. Има голем број смртни случаи и тешки заболувања. Беше подигнато и обвинение против Светската здравствена организација за прокламирање на лажна епидемија“, вели Слаѓана.

Светската здравствена организација промовираше и други вакцини. Но, на нас останува дали ѝ понатаму ќе веруваме на некој кој се обидува да нè измами. Вакцините доведуваат до стерилизација и тешки заболувања. Бил Гејтс јавно, без двоумење изјави дека со помош на вакцините планира да го намали бројот на луѓе на планетата. Јавно проговри дека има во план да ја намали светската популација за 15 проценти. Лесно може да заклучиме дека во земјите каде што вакцинацијата е обврзувачка, може да дојде до намалување на бројот на луѓе. Планираат да ја извршат стерилизацијата преку вакцините, свесни за подоцнежните тешки заболувања, со кои подоцна ќе се соочат децата, вклучувајќи го и аутизмот“, вели Слаѓана.

„Сè поголем број на мали деца страдаат од рак, дијабетес, ревматоиден артритис, улцеративен колитис, алергии, астма и многу други болести. Силната врска помеѓу вакцината и овие болести станува очигледна. Фармацевтските компании ги интересираат исклучиво парите. Тие не сакаат да бидат одговорни за последиците. Компаниите кои ги произведуваат вакцините не ги интересира нашето здравје. Тие се водат исклучиво од бизнисот. За нас ова не претставува бизнис. Станува збор за нашето и здравјето на нашите деца и затоа мораме да преземеме одговорност. Одговорноста за здравјето на нашите деца го имаме исклучиво ние, родителите, а не организациите, болниците и лекарите. Зачудува фактот дека произведувачот на вакцини не сака да биде одговорен за можните последици на вакцината! Што се случува кога некое дете тешко ќе се разболи или ќе го изгуби животот. Како оштетените тогаш ќе можат да го тужат произведувачот, ако тој од старт не ја прифати одговорноста?  Кога купуваме фрижидер или некаков производ. На кого треба да  му се обратиме ако истиот тој се расипе? Што се случува ако немаме гаранција? Одговорноста на крајот треба да биде на лекарот кој ја дава вакцината. Тој мора да потпише дека гарантира дека на детето нема да му се случи ништо лошо доколку ја прими вакцината“, тврди Слаѓана.

Законот е на страната на пациентите

Слаѓана вели дека во Уставот на Република Хрватска, во точка 23, се вели дека никој не смее да биде подложен на каков било облик на злоупотреба направена преку медицински или научни тестови. Ние не знаеме дали вакцинацијата е дел од некаков медицински експеримент, бидејќи не постои студија со која се потврдува ефикасноста и безбедноста на вакцината. Според тоа, присилувањето на вакцинација е противуставно. Исто така, противуставен е условот за вакцинација на децата со цел тие да можат да се запишат во училиште  или градинка.

Слаѓана вели дека уставот во Хрватска дозволува вакцинацијата да може да се одбие не само поради здравствени причини, туку ѝ поради лично или верско убедување.

Продолжува:

Линк од вториот дел

Линк од третиот дел

Линк од четвртиот дел

Scroll to Top