Жан Лук Брунел, агент за ангажирање на манекенки, кои бил поврзан со сега покојниот американски финансиер, Џефри Епштајн, е обвинет во Франција за сексуално вознемирување и силување на малолетнички на возраст од 15. години.
Брунел е уапсен во средата, на аеродромот Шарл де Гол, додека се подготвувал за лет во Сенегал, пренесува „Асошиетед Прес“.
Против Брунел не се подигнати обвиненија за трговија со луше, што била една од главните цели на истрагата. Судијата заклучил дека во моментов нема доволно докази да му се суди по таа точка, а на Брунел му бил одреден само притвор.
Против него се води и истрага во рамки на пошироката истрага за наводното сексуално искористувањње на жени и девојки од страна на Епштајн и неговиот круг на пријатели.
Повеќе жени навеле дека биле жртви и разговарале со полицијата, од моментот кога се отворила истрага од страна на француските служби во август минатата година, истиот месец кога Епштај изврши самоубиство во затворската ќелија каде го чекаше судењето.